Америка се движи кон револуција која ќе ја „покоси како срп трева“, предвидува во новиот документарен филм Стив Бенон, поранешниот главен советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Ако на некој начин не се дозволи прераспределба на богатството, во оваа земја ќе има револуција, изјави човекот кој се смета заслужен за победата на Доналд Трамп, во серија разговори со Ерол Морис, режисер на документарниот филм „Американска дарма“ кој премиерно беше прикажан на фестивалот во Венеција.

– Ќе имаме уште една финансиска криза, секој паметен го гледа тоа… Мислам дека е потребно радикално реструктуирање. Тоа не може да биде борба со перници. За таква промена требаат „убијци“, објаснува Бенон.

– И затоа Трамп е претседател. Беше јасно дека доаѓа некој како него, вели Бенон.

Тој тврди дека „празноверниот“ Трамп бил на пат кон катастрофален пораз пред тој му ја преземе кампањата. Призна дека употребил „џиу-џицу“ маневри во односите со јавност со цел Трамп да го спаси од пропаст откако во јавност излезе неговата изјава за жените – „само грабнете ги за п….“

Во тоа било вклучено и доведувањето на жената која го обвини Бил Клинтон за силување на клучна телевизиска дебата.

Тој сепак одби да каже дали дали бил вмешан во објавувањето на електронската пошта на Хилари Клинтон преку Викиликс, што ја врати предизборната кампања во насока што ја сакал Трамп.

Поранешниот уредник на десничарскиот портал Бреитбар вели дека не го познавал Трамп, но оти веднаш го видел неговиот потенцијал.

Во кампањата максимално поедноставиле низа популистички слогани: „Изградете ѕид“, „Уништете ја исламска држава“, „Бегајте од Ирак и Иран“.

Тој го советувал Трамп веднаш по влезот во Белата куќа да „удри со чекан“ во вид на низа извршни одлуки, вклучувајќи ја и контраверзната „забрана за муслиманите“.

– Ако ги потурите медиумите со пет работи одеднаш, три ќе поминат. Тие не можат да сварат се одеднаш, вели Бенон.

Тој откри и дека Трамп може да биде наивен, откривајќи дека американскиот претседател „навистина мислел дека Њујорк тајмс ќе му посака се најдобро кога ќе стане претседател“.

За себе вели дека е само еден од советниците во Белата куќа, „но оној чие лаење е најгласно“. Тој тврди дека не е лут поради тоа што Трамп го отпушти во август минатата година откако повеќе „не бил во милост“. 

– Не го сфатив тоа лично. Така се наредија работите, објаснува Бенон. Тоа е дел од неговото верување во Дарма, хиндуски концепт за должност и судбина кои владеат со вселената.