Белата куќа денеска соопшти дека Исламска држава во Сирија е поразена и оти нема повеќе територии под контрола на екстремисти.
Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс потврди дека целата територија на Сирија е „сто отсто ослободена од терористи“.
Сандерс додаде и дека министерот за одбрана на САД Патрик Шанахан за ова го известил американскиот претседател Доналд Трамп.
Таа на новинарите им покажа мапа на Ирак и Сирија на која се гледа дека терористичката група повеќе не контролира ниту една област во регионот.