Непознат напаѓач запалил двајца бездомници што спиеле на железничка станица во Берлин. Германската полиција соопшти дека двете лица добиле сериозни изгореници, пренесува „Билд“.
Инцидентот се случил на станицата „Шоневајде“, каде што напаѓачот ги испрскал со течност двајцата бездомници, мажи на возраст од 47 и 62 години, по што ги запалил заедно со нивните работи. „Билд“ пишува дека случајни минувачи го изгасиле огнот со апарат за гасење пожар од ресторанот за брза храна во близина. Берлинската полиција сѐ уште трага по напаѓачот, а и натаму не се познати мотивите за бруталниот напад врз двајцата бездомници.