Ако не се воспостават безбедносни зони во северна Сирија и ако продолжат заканите кон Турција, ќе биде покрената воена операција, предупреди турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Според него, воената операција би можело да биде покрената источно од реката Еуфарат. Турција и САД се во преговори за воспоставување безбедносни зони долж границата на североисток од Сирија, каде САД ја поддржуваат курдската милиција, пренесе Ројтерс.
Анкара ја смета курдската милиција за терористичка организација и закана по безбедноста на Турција.
Чавушоглу изрази очекување дека договорот ќе биде постигнат, за време на денешниот разговор во Анкара со специјалниот американски претставник за Сирија, Џејмс Џефри.