Демократот Џо Бајден официјално е противкандидат на републиканецот Доналд Тремп на претседателските избори во ноември во САД. Веста ја објави тој на Твитер, каде напиша дека обезбедил 1.991 делегат и дека „ќе се бори за победа во битката за душата на нацијата“.
Се очекуваше да ја добие номинацијата на партијата уште од април кога Берни Сандерс се повлече од трката.
Коронавирусот ја погоди економијата, но и граѓанските протести кои се одвиваат сега во земјата поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, се очекува да доминираат на изборите.
Бајден, кој беше потпретседател за време на претседателската функција на Барак Обама, ја започна кампањата во колеблив стил во Ајова и Њу Хемпшир, но потоа изгради импулс со убедлива победа во Јужна Каролина, анализира Би-би-си. Потоа доминираше на таканаречените натпревари во Супер вторник, победувајќи до 10 од 14 држави.
77-годишниот Бајден ја обезбеди номинацијата на партијата, откако седум држави и округот Колумбија во вторникот одржаа претседателски избори.
Ова е негов трет обид да стане претседател.