Кандидатот за претседател на демократите Џо Бајден се соочува со најделикатната одлука во својата 50-годишна политичка кариера – избор на кандидат за потпретседател на претстојните претседателски избори во САД кои треба да се одржат во ноември.
Бајден, најистакнатиот претседателски кандидат на Демократската партија, наредната недела треба да објави кој е на неговиот список на потенцијален кандидат за потпретседателската функцијата.
Бајден вети дека ќе избере жена за потпретседателски кандидат и на почетокот на неделата ги извести своите донатори дека неговиот тим е подготвен да го објави името и пред демократската конвенција закажана за август.
Избирањето на кандидат за потпретседател е секогаш деликатен за претседателските кандидати, но особено е значаен за 77-годишниот Бајден, кој доколку победи на изборите, би бил најстариот американски претседател во историјата.
Одлуката за назначување за кандидат за потпретседател е дополнително отежната од пандемијата на коронавирусот, кој покрај високата смртност, претставува и голем товар и закана за светската економија, со што во иднина ќе мора да се соочи евентуалната администрација на Бајден.