Американскиот претседател Џо Бајден денес изјави дека очекува наскоро да може да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека времето и местото на нивниот состанок се уште се договараат.
Обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа, Бајден рече дека тој сепак сака да се сретне со Путин и покрај акумулацијата на руските воени сили во близина на украинската граница, пренесува Ројтерс.
Кремљ вчера објави дека местото на средбата меѓу Бајден и Путин сè уште не е познато.