Лет од Лос Анџелес прелетал во опасна близина на планински врв во височина од 1737,36 метри, откако контролорот на летот го помешал десно со лево при давањето на инструкции, пренесува „Индепендент“.
Истрагата покажала дека Боингот „Ева Еир 777“ летал кон Тајпеј, Тајван, кога добил погрешни инструкции од контролорот од терминалот за контрола на пристап на Јужна Калифорнија.
Авионот летал на висина од 1889,76 метри кога завртел и поминал загрижувачки блиску до Монт Вилсон – на само 487,68 метри јужно.
– Инцидентот беше предизвикан од страна на контролорот на летот кој му дал насока на пилотот да заврти лево наместо десно – стои во извештајот од истрагата.