Јужноафрканските здравствени власти објавија дека шест новороденчиња починале од инфекција со бактеријата Клебсиела.
Поради тоа, неколку државни болници во Јоханесбург се затворени.
Најавено е и затворање породилишта по голем број случаи на инфекција со таа бактерија, која е отпорна на конвенционална антибиотска терапија.
Клебсиела е опасна ако имуниот систем на пациентот е ослабен.
Министерот за здравство на Јужна Африка изјави дека болеста избила поради преголем број пациенти во болници, што спречило спроведување неопходни превентивни мерки. Во породилиштето и на одделението за неонатологија пополнети се 132 отсто од капацитетите на тие институции.