Британскиот заменик министер за надворешни работи Алан Данкан го нарече основачот на Викиликс, Џулијан Асанж „кутар мал црв“ и му порача да ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон.
– Крајно време е тој кутар мал црв да ја напушти амбасадата – напиша Данкан на Твитер.
Асанж одговори дека е подобро да биде црв отколку змија.
– Како политички затвореник, осум години затворен без обвинение, претпоставувам дека морам да бидам „кутар“. Не е лошо да се биде „мал“, иако повеќе сакам да бидам висок и подобро да се биде „црв“, здраво суштество што ја оживува земјата, отколку змија – напиша Асанж на Твитер.
Асанж од 2012 година живее во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде доброволно отиде за да избегне екстрадиција во Шведска поради обвинение за силување. Во мај минатата година шведските истражители го повлекоа обвинувањето, но доколку Асанж излезе од Амбасадата ќе се соочи со обвинение за кршење на британските закони.
Тој доколку ја напушти Еквадорската амбасада ризикува да биде испорачан во САД, каде е обвинет за објавување на американски дипломатски и воени тајни.