Сирискиот претседател, Башар ал Асад, на неколку минути го прекинал својот говор пред пратениците, бидејќи не му било добро поради низок крвен притисок, по што, продолжил со говорот, објави сирикста државна телевизија.
Говорот, кој требало да биде одржан околу пладне, ќе биде прикажан на телевизија во целост во 18.30 часот, по локално време. Телевизијата не објави други детали за инцидентот.
According to #Assad‘s media, the speech interrupted for couple minutes as Assad lost his balance due to low blood pressure.
The speech will be published as usual with delay. I doubt they will show Assad as he fell.#Syria #SyriaHighlights https://t.co/bAVzNjgnKC
— Mohamed Al Neser ? (@M_Alneser) August 12, 2020
– Тоа беше последица од пад на крвниот притисок, по што претседателот продолжи нормално со говорот – објави телевизијата.
Државните медиуми во текот на денот најавија дека Асад ќе одржи говор пред пратениците, откако минатиот месец беа одржани парламентарни избори за кои опозицијата и независните набљудувачи тврдат дека се фарса во земјата со која владее партијата „Баас“.
Медиумите ретко известуваат за здравјето на 55-годишниот сириски претседател, кој авторитарно управува со земјата, во која речиси десет години беснее војна во која стотици илјади луѓе загинаа, а милиони се протерани и раселени.