Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави денеска дека во Сирија можело да дојде до директен судир меѓу Русија и САД.
– Бевме многу близу до директен судир – изјави Асад во интервју за порталот „Раша тудеј“.
Според него, Русија го одвратила Западот од покренување разурнувачки воздушни напади на Сирија минатиот месец, а верува дека и покрај постојаното мешање на САД, Дамаск е близу до победа во седумгодишната војна, пренесува Танјуг.