Во центарот на Виена денеска се одржaa бројни протести на противниците на ковид-мерките и задолжителната вакцинација, поради што многу улици беа затворени за сообраќај.
Според полицијата, протестираа повеќе од 10.000 граѓани. Полицијата посочува дека имало неколку апсења поради давање отпор. Постојано имало судири со полицијата.
Попладневниот протест започна со собир на левичарите кои демонстрираа против давање можност на неонацистите да го релативизираат холокаустот и да ги шират нивните идеи преку учество во протести против коронавирус.
Полицијата беше принудена да користи бибер спреј. Исто така, дел од учесниците во демонстрациите фрлаа разни предмети кон полицијата, која воспостави ред со употреба на полициски кучиња и кордони. Според соопштението на полицијата, за денеска биле најавени вкупно 27 протести со кои целосно бил блокиран сообраќајот во градот.