Ангела Меркел ја напушта глобалната политичка сцена, а светот се прашува дали оваа економски моќна нација во срцето на Стариот континент ќе остане стабилна и предвидлива и без влијателната лидерка.
По 16 години официјално заврши една ера кога Меркел му ги предаде функцијата и официјалните работи на нејзиниот наследник Олаф Шолц.
– Преземете ја сопственоста на оваа куќа и работете за доброто на нашата земја – му рекла Меркел на новиот канцелар Шолц, кој и се заблагодарил и и подарил букет цвеќе.
Постигнавте големи работи, изјавил новиот германски канцелар, пренесува „Билд“.
Меркел со насмевка го примила цвеќето и официјално по 16 години беше испратена во пензија.
Кога Меркел ја напуштила канцеларијата, вработените гласно и долго аплаудирале.
Шолц во средата положи заклетва во Бундестагот, а многумина заминувањето на Ангела Меркел го нарекоа „крај на една ера“.