Германската полиција денеска објави дека го уапсила Mароканeцот обвинет за заканување, навреда и плукање на двајца Евреи во Хамбург.
Полицијата соопшти дека 45-годишниот маж навредувал двајца Евреи вчера во близина на градското собрание, кога бил повикан на помош полицаецот што се наоѓал во близина , објави АП.
Кога полицаецот се соочил со Мароканецот, тој прво се обидел да избега, но потоа се свртел кон двајцата мажи и ги плукнал.
Полицијата соопшти дека човекот, кој зборувал арапски и германски, се спротивставил на апсењето и морал да биде врзан со лисици.
Локалните медиуми ги идентификуваа жртвите како рабин и познат припадник на еврејската заедница, кои ја напуштале средбата со градските власти.
Осомничениот, чие име не беше откриено во согласност со законите за приватност, беше ослободен додека истрагата продолжува.