Употребата на ресурси од Месечината и другите небесни тела е поддржана со указот потпишан од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Американците треба да имаат право да спроведат комерцијално истражување, вадење и употреба на ресурси во согласност со важечките закони – се наведува во указот.
САД не сметаат дека вселенскиот простор е во јавен домен, од правна и физичка гледна точка. Со указот, всушност, се отфрла Договорот за активности изведени на Месечината и други небески тела усвоен од Генералното собрание на ОН во 1979 година.