Поради најавите од голема ледена бура откажани се 2.000 летови во Денвер а се очекуваат рекордни врнежи од снег, пишуваат американските медиуми.
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за бура, велејќи дека се очекуваат снег од Денвер до Болдер во Колорадо, од 46 до 61 сантиметар, од сабота попладне до недела навечер и до 76 сантиметри во подножјето на планината Фронт Ренџ.
Одделот за транспорт во Колорадо предупреди на затворање на патиштата и ги замоли луѓето да не одат по патиштта, освен ако е потребно.
Портпарол на меѓународниот аеродром во Денвер изјави дека вчера се откажани околу 750 летови, а денес сите 1.250 летови.
Одделот за следење на невремето на Националниот метеоролошки центар на САД издаде предупредување од 3 степен од петте постојни, за ледена бура што пристигнува во Америка.
Американците масовно се подготвуваат за пристигнување на големата бура, за кој се предвидува да донесе најголеми врнежи од снег во последните 10 години.
Издадено е предупредување во Вајоминг и Небраска за ледена бура што најпрво ќе ги зафати западните делови на САД, а потоа полека ќе се движи низ централните делови на Америка кон источниот брег.
Невремето, придружено со ниски температури, ќе донесе ледени дождови и снег, што ќе формира снежна покривка дебела над 60 сантиметри во некои делови на Америка.