Судија во Калифорнија побара од американските погранични власти да спојат раздвоени имигрантски семејства во рок од 30 дена.
Ако се деца помлади од пет години ќе мора да бидат вратени на своите родители во рок од 14 дена, се наведува во наредба издадена синоќа.
Повеќе од 2.000 деца се раздвоени од родителите, илегални имигранти во САД, во изминатите недели и ставени во центри под контрола на државата.
По бројни критики од редовите на својата Републиканска партија, како и од опозициските демократи, претседателот Доналд Трамп, издаде извршна наредба да се прекине со раздвојување на семејствата на илегалните имигранти и рече дека наместо тоа, родителите и децата ќе бидат во прифатни центри заедно.
Меѓутоа, повторното спојување на семејствата се одвива бавно, наведуваат западни медиуми.