И стакнат републикански сенатор во неделата вети истрага за наводите на поранешниот шеф на ФБИ дека заменик-министерот за правда, Род Розенштајн, разговарал за отстранување на претседателот Доналд Трамп од функцијата во 2017 година.
-Постои тврдење на тогашниот привремениот шеф на ФБИ дека заменик-министерот за правда, всушност, се обидувал да изведе административен удар, да го собори претседателот со постапката, која е пропишана во 25 уставен амандман, изјави сенаторот Линдзи Грахам.
-Заменик-министерот за правда го негира тоа. Затоа, на вам, и на гледачите ви го ветувам следново: ќе одржиме сослушување за тоа кој ја кажува вистината и што всушност се случило – рече Грехам, поборник на Трамп.