Американската војска соопшти дека вчера убила висок водач на Ал каеда во воздушен напад во северозападна Сирија.
Мајор Џон Ригсби, портпарол на Централната команда на САД, потврди дека Абдул Хамид ал Матар е убиен во напад со беспилотно летало, пренесе АП.
Ригсби рече дека ликвидацијата на Ал-Матар ќе ја наруши „способноста на Ал каеда за понатамошно планирање и изведување глобални напади што им се закануваат на американските граѓани, американските партнери и невините цивили“. Тој рече дека Ал каеда „ја користи Сирија како база за закани за Сирија, Ирак и пошироко“.
Нападот со беспилотни летала се случи два дена откако американската воена постава во јужна Сирија беше погодена во координиран напад во кој беа користени и беспилотни летала и ракети. Американските власти соопштија дека ниту еден американски војник во Сирија не е ранет или убиен.