Американскиот Сенат денеска одобри резолуцијата со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги признава за геноцид.
Резолуцијата претходно три пати беше блокирана на барање на Белата куќа, но денеска едногласно беше прифатена.
Необрзувачката резолуција, што ја поднесоа демократскиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси и републиканскиот сенатор од Тексас, Тед Круз, потврдува дека геноцид имало и дека за тоа е одговорна Турција, пренесоа американските медиуми.
Турција со години лобираше против американското признавање на убиствата на османлиските Ерменци за геноцид.