Алжирскиот парламент назначи привремен лидер кој ќе го замени поранешниот претседател Абделазиз Бутефлика, кој минатата недела поднесе оставка под притисок на про-демократското движење кое доби поддршка од армијата.
Парламентот денеска го назначи Абделкадер Бенсалах, претседателот на Горниот дом, за шеф на државата на максимум 90 дена, како што е наведено во Уставот, до организирање нови избори.
Бенсалах беше главен сојузник на Бутефлика, а поголем дел од опозицијата се воздржа од денешното гласање.
Алжирските студенти повторно протестираа во главниот град Алжир.