Голем пожар во хемиска фабрика во Мелбурн предизвика затворање на неколку училишта, а властите го предупредија населението на 11 региони да не ги напуштаат домовите поради токсичниот чад.
На местото на настанот се слушнати и повеќе експлозии. Со пожарот во вториот по големина австралиски град се борат над 100 пожарникари и 30 единици техника. Пожарот во фабриката, која произведува хемикалии почнал во 5 часот изутрина по локално време.
Засега пожарникарите успеале да спречат ширење на огнот кон блиските индустриски објекти, но се уште не е можно да почнат со гаснење на пожарот во самиот објект поради опасност од експлозија на плински боци и контејнери со ацетон, кои се наоѓаат во магацините.
– Имаше доста експлозии. Експлодираа контејнери од 44 галони и летаа низ воздухот, што грижа за нашите пожарникари – соопшти претставник на противпожарната служба.