Аеродромот во Кабул ќе биде затворен 48 часа со цел да се евакуираат оние што се веќе на него, пренесува агенцијата „Хама прес“, повикувајќи се на американскиот Стејт департмент.
Во исто време, илјадници луѓе кои сакаат да ја напуштат земјата, се собраа на влезот на аеродромот, пренесува РИА Новости.
Талибанците објавија дека имаат намера да ја подобрат ситуацијата во наредните часови и да ја олеснат постапката за полетување со авионот.