Автобус падна во провалија во западниот дел на Индија и се стравува дека притоа се загинати 33 лица, изјави официјален претставник.
– Автобусот со 34 вработени на Земјоделскиот факултет излетал од кривината на планинскиот пат во областа Рајгад, во државата Махараштра, при што еден маж успеал да излезе и да се качи на патот по што ги информирал службите на универзитетот за инцидентот – рече претставникот на цивилната управа, Виджау Сурјаванши.
Според него, вработените на факултетот биле на приватен излет. Спасувачките тимови досега извлекле десетина тела, во услови на дожд.
На индиските патишта годишно гинат повеќе од 110.000 луѓе, а причините најчесто се невнимателно возење, лоши патишта и стари возила.