Најмалку 18 лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа кога патнички автобус наиде на бомба поставена покрај патот во западната авганистанска провинција Фарах, соопшти полицијата на провинцијата, пренесе „АП“.
Како што се наведува, шест лица се повредени во бомбашкиот напад во средата утрото во округот Бала Балук.
Талибанските бунтовници се активни во тој регион, потсетува агенцијата.