Најмалку 15 луѓе загинаа, а 18 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во источна Русија. До несреќата дошло кога возачот на автобусот на автопатот Могојту-Сретинск-Олочи, изгубил контрола над возилото и излетал од мостот над реката Куенга висок шест метри во Трансбајкалскиот регион. Како што пренесува српски „Блиц“, меѓу загинатите е и едно дете.
Според информациите од руските медиуми, на автобусот му се дупнала гумата.
На местото на несреќата стигнаа бројни екипи на итната помош и два хеликоптери, пренесе „РИА Новости“. Во автобусот имало 43 патници.