Австриското обвинителство истражува вработен во Федералната служба за заштита на Уставот и борбата против тероризмот (контраразузнавање), кој е осомничен за шпионажа во полза на Русија, пишува денеска австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.
Истрагата се води веќе една година, а контраразузнавачот е осомничен дека на руската разузнавачка служба и оддавал информации кои биле државна тајна.
Ова е втор случај со шпионажа во полза на Русија во последните денови. Австриските власти во петокот соопштија дека еден пензиониран полковник на австриската армија, за време на неговата активна служба 30 години шпионирал за Русија.