Австралија потврди дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, има важечки пасош за таа земја.
Асанж, кој е во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година, стравува дека таа земја може да го екстрадира во САД. Новиот пасош ќе му дозволи на Асанж, чие здравје се влошува, да се врати во Австралија. Локалните медиуми пренесуваат дека пасошот е издаден во септември минатата година, откако претходниот бил со истечен рок.
Канбера нема официјални информации дека САД започнале некаква постапка против Асанж, поради што нема потреба да се зборува за безбедносна процедура при враќањето во Австралија.