Мал комерцијален авион во кој се наоѓале девет лица, денеска исчезна во планискиот регион на источната индонезиска провинција Папуа.
Авионот од типот „Пилатус ПЦ-6“ исчезнал од радарите во округот Бовен Дигул во близина на границата меѓу Индонезија и Папуа Нова Гвинеја, непосредно пред слетувањето.
Според индонезиските власти, во авионот се наоѓале двајца пилоти и седум партници, од кои едно дете.
Во тек е акција за потрага по авионот во реон, од каде, според изјави на локални жители, се слушнала експлозија.