Авионот на германската канцеларка Ангела Меркел, со кој од Берлин полета за Буенос Аирес на Самитот на Г-20, вечерва принудно слета во Келн.
Според „Велт“ одлуката за принудното слетување била донесена по еден час лет.
Според првичните информации, се работи за технички дефект на електронскиот систем на авионот и немало безбедносен ризик.