Авганистанците, кои работеле за британската влада или армија, ќе можат трајно да се преселат во Велика Британија, објави денеска британското Министерство за внатрешни работи.
Оваа одлука, која е дел од планот наречен „Операција топло добредојде“, значи дека оние што ги исполнуваат условите ќе имаат можност да останат во Обединетото Кралство на неодредено време, а не само пет години, како што претходно им беше понудено.
Во исто време, оние кои веќе се во Велика Британија можат да го подобрат својот статус и да бараат постојана работа, пренесува Би -Би -Си.
Обединетото Кралство евакуираше повеќе од 8.000 луѓе од 13 август кои ги исполнуваат условите од планот за преселување на авганистанските државјани во Велика Британија, таканаречената авганистанска политика за преселување и помош (АРАП).