ММА фајтерот Џумбулат Балиев е меѓу деветте уапсени луѓе по „битката“ со „калашникови“ сред ден во Москва во неделата, објавуваат руските медиуми.
Во јужното предградие „Јасниј“ на Москва, вооружени луѓе со пиштоли и полуавтоматско оружје излегле од своите автомобили и учеставувале во преметка која траела неколку минути во ближниот паркинг.
Полицијата уапсила девет луѓе за инцидентот меѓу кои е и ММА фајтерот Балиев, кој се обидел да се сокрие во еден автомобил. 25-годишниот фајтер во велтер категорија, кој има потекло од Чеченија, има 2-4 скор со борби во промотерската куќа „Беркут“.