Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека следниот чекор во преговорите за брегзит останува на Европската Унија.
Тој додаде дека не сака Британија да го напушти европскиот блок без договор, но мора да се подготви на тој исход за секој случај, пренесе „Ројтерс“.
– Ако не можат да направат компромис, ако навистина не можат, тогаш очигледно ние мораме да се подготвиме за излез без договор – изјави Џонсон за време на посетата на Велс.