Сингапурскиот безбедносен форум во Азиско-пацифичкиот регион ги изнесе на виделите различните ставови на Јапонија и Јужна Кореја во односот кон Северна Кореја.
Во својот говор на форумот „Дијалог Шангри Ла“, јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера предупреди дека е важно Северна Кореја да не биде наградена само поради тоа што се согласила на дијалог.
– Неопходно е Пјонгјанг да преземе конкретни мерки за целосно затворање на програмите за развој на нуклеарно оружје и балистички ракети – рече тој.
Министерот за одбрана на Јужна Кореја, Сон Јонг-му, повика на поддршка за дијалогот со Северна Кореја, со цел таа земја да стане дел од меѓународната заедница.
– Треба да се фокусираме на она за што се согласуваме, а не на несогласувања, инаку никогаш нема да постигнеме напредок во преговорите – рече тој.