Швајцарците денеска на референдуми ги одобрија законските измени за заострување на условите за поседување на оружје.
За измените гласале 67 проценти од избирачите, а 33 биле против.
Ако не поминеа измените, на Швајцарија и се закануваше да биде исклучена од европските договори од Шенген и од Даблин, кои земјата ги почитува иако не е членка на ЕУ.
Заострените услови за поседување оружје се однесуваат на полуавтоматското оружје со големи шаржери и на некои видови пушки.
Швајцарците денеска на референдум ги одобрија и реформите на даночниот и пензискиот систем.