Црните кутии од авионот на „Етиопиан Ерлајнс“ кој се урна кусо време по полетувањето од Адис Абеба, се испратени во Париз, соопшти авиокомпанијата.
– Етиопска делегација, предводена од претставници на Бирото за истраги на несреќи (АИБ) ги однесе двете црни кутии (снимачот на податоци за летот – ФДР и снимачот на гласови во пилотската кабина ПКР) во Париз, Франција, за истрага- објави авиокомпанијата на Твитер.
Во несреќата што се случи во неделата загинаа сите 157 патници и членови на екипаж.
По неколкудневни притисоци, инцидентот предизвика Боинг да ја приземји целата светска флота од авиони 737 Макс. Истиот тип на авион падна минатата година во Индонезија при што загинаа 189 лица.