По неодамнешните антисемитски напади во Германија, Централниот совет на Евреите ги повика Евреите во таа земја да не носат кипа во јавност.
Претседателот на Централниот совет на Евреи Јозеф Шустер ги советува Евреите да не се појавуваат во јавност со кипа во големите градови во Германија. Тој во интервју за германското радио укажа дека е зголемен бројот на антисемитски напади.
Минатата недела еден бегалец од Сирија нападна млад Евреин во Берлин само затоа што носел кипа.
– Ако не успееме да се спротивставиме на овој отворен антисемитизам, ја доведуваме во опасност нашата демократија, рече Шустер.