Доскорешната американска амбасадорка во ОН, Ники Хејли, изјави дека претседателот Доналд Трамп во 2016 година првично ѝ ја понудил функцијата државен секретар, но оти таа ја одбила понудата. Хејли додава дека Трамп потоа ѝ го понудил амбасадорското место во светската организација, пишува „Дејли мејл“.
– Му кажав на Трамп, искрено, јас не ни знам што работат ОН – порачала Хејли на тајна конзервативна конференција.
Таа исто така често го прикажувала Трамп како избувлив и непресметлив во преговорите, за да ја уплаши другата страна. Хејли го предупредила кинескиот колега во ОН во септември 2017 година дека „нејзиниот шеф е непредвидлив“ и дека не знае што ќе направи.