Катарина Керол, со моминско презиме Бошњак, чии родители се од Љубушко во Босна и Херцеговина, стана првата жена на чело на полицијата во Австралија.
Катарина Керол беше избрана за полициски комесар на една од шесте австралиски држави, Квинсленд. Тоа е највисоката полициска позиција во земјата.
-Привилегија и чест е да се биде избран за комесар. Јас ќе дадам сè од себе во следните пет години за да ја зачувам безбедноста на оваа прекрасна земја рече Катарина Керол, која е во полицијата уште од 1983 година.
Таа е првата жена во 155-годишната историја зкоја ќе биде на чело на државната полиција, а во моментов е комесарка на Пожарникарската и итна служба на Квинсленд, додека новата функција официјално ќе ја преземе во август 2019 година, според порталот „Кликс“.