Британските нуркачи, кои ги пронајдоа 12-те момчиња и нивниот тренер од поплавената пештера Там Луанг, имаа помош од едно од момчињата Адул Сам-Он, чие познавање на англискиот јазик било клучно во текот на комплицираната операција за спасување.
Неговата професорка Кру Најс изјави дека 14-годишниот Сам-Он отсекогаш бил лидер и покрај тоа што не живее со родителите и официјално нема дом.
– Тој е чудо од дете и многу сум среќна што е безбеден – истакна таа.
Адул е бегалец од Мјанмар, кого родителите пред осум години го испратиле на Тајланд за да ги избегне етничките судири во неговата земја. Тој е еден од многуте ученици на Тајланд, за кои се вели дека се без татковина.
Тој не е државјани на ниту една земја, а на Тајланд станал одличен ученик и спортист.
Адул говори четири странски јазици, а неговото познавање на англискиот било клучно при операцијата за спасување.