Францускиот премиер, Едуард Филип, најави формирање на две мисии кои ќе ги проверуваат психолошките профили на припадниците на полициските оддели задолжени за борба против тероризмот, откако полициски службеник минатата недела уби неколку колеги со нож во Париз.
Во интервју за весникот „Journal du dimanche“, Филип вели дека мисиите ќе му бидат доверени на Генералниот разузнавачки инспекторат и додаде дека резултатите од двете мисии ќе бидат објавени.
Полицискиот службеник Микаел Арпон, по професија програмер, уби неколкумина свои колеги со нож во четвртокот, а според првичните извештаи се наведува дека бил мирен и не предизвикувал проблеми. Подоцна беше откриено дека преминал во ислам и бил радикализиран.
Филип рече дека првата мисија ќе ги проверува психолошките профили на вработените во компјутерските оддели, а втората мисија ќе ги провери самите агенти кои порано правеле проблеми и доколку е потребно да ги преиспитаат и останатите.
Нападот се случи еден ден откако илјадници полицајци организираа протест во Париз за ниските плати, долгите часови на работа и зголемениот број самоубиства во нивните редови.