Врховниот суд на Мексико ја легализираше употребата на марихуана за возрасни.
Осум од 11-те членови на тој суд прогласија за неуставни голем број членови на мексиканскиот здравствен закон со кои се забранува консумирање марихуана.
– Денес е историски ден за разните слободи – рече претседателот на Врховниот суд Артуро Залдивар.
Одлуката на Врховниот суд следеше затоа што мексиканскиот парламент во двата дома не го усвои предлогот за промена на законот за тоа прашање пред крајниот рок на 30 април, што го утврди судот.