Властите во Калифорнија соопштија дека го уапсиле мажот за кој постои сомневање дека во 70-сеттите и 80-сеттите години на минатиот век извршил повеќе убиства и силувања во Калифорнија.
– Во вторник беше објавена потерница по Џејмс ДиАнџело, обвинет за убиства и силувања кој беше идентификуван по 40 години потрага, благодарејќи на ДНК анализа, објави обвинителката на Сакраменто Ен Мари Шуберт на прес конференција.
ДиАнџело(72) е обвинет за најмалку четири убиства, иако постои сомневање дека извршил 12 убиства, 45 силувања и 120 кражби.
Овој поранешен полицаец кој беше отпуштен од служба во 1979 година заради проневера, живеел на подрачјето на Сакраменто и бил идентификуван по новите обиди да се реши тој стар случај.