Австриската полиција уапси едно лице за кое се сомнева дека е соучесник во терористичкиот напад на 2 ноември, за кој е осомничен Кујтим Фејзулај. Во нападот беа убиени пет лица во центарот на Виена, а ранети повеќе од 20 лица.
Уапсен е Австриец со потекло од Авганистан, за кого се верува дека знаел за терористичкиот план на Фејзулај.
Истрагата за специјалната единица доведе до апсење на овој пријател на убиениот џихадист. На автоматската пушка со којашто се смета дека пукал Фејзулај, биле пронајдени траги од ДНК на уапсеното лице.
Полицијата претпоставува и дека уапсеното лице снимило кратко видео на кое се гледа автоматската пушка калашников (АК47) со албанската рап песна „АК47“. На тоа видео, кое трае само 10 секунди, можат да се забележат двајца мажи во „бмв“ со „калашников“, а полицијата верува дека едниот од нив е терористот.