Австрискиот новинар Максовинар Цирнгаст денеска е ослободен од затвор во Турција, но не смее да ја напушти земјата.
Портпаролот на австриското Министерство за надворешни работи Петер Гушелбауер изјави дека 29-годишниот Цирнгаст е ослободен од Синчан 2, затвор во близина на Анкара.
Тој беше уапсен во септември откако Турција го обвини заедно со уште две лица за членство во вооружена терористичка организација. Тие беа обвинети за поврзаност со Турската комунистичка партија.
Доколку биде осуден, би можел да добие и до 10 години затвор.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц бараше Цирнгаст да биде ослободен.