Три лица загинаа, а едно дете се води како исчезнато по потонувањето на чамец во реката Рајна, меѓу Германија и Франција, соопшти денеска полицијата.
Во потрагата по детето се вклучени спасувачи од Франција и Германија.
Претставник на полицијата изјавил дека чамецот што тргнал од германското крајбрежје утрово со четири лица, потонал во францускиот град Герцхајм. Тој изјавил дека загинале две возрасни лица и едно дете, а дека друго дете се води како исчезнато.
Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, а не е познат ниту идентитетот на жртвите.
Регионалната француска служба за спасување објави на Твитер дека во потрагата се вклучени хеликоптери, нуркачи, полицајци и пожарникари.