Александар Велики и неговата сопруга Роксана

Иранската амбасада ексклузивно за „Нова Македонија“

Воениот судир меѓу Иран и САД може да има колосални регионални, но и светски последици. Поради клучната геополитичка и безбедносна важност на ова прашање, одговори побаравме од министерствата за надворешни работи на Иран и на САД, односно од нивните дипломатски мисии во Македонија. Во очекување на одговорите од американската амбасада, во продолжение ексклузивно во целост ви го пренесуваме ставот на иранската амбасада по ова прашање

Во текот на неделава, како резултат на најновиот напад на САД врз ирачката престолнина Багдад, Иран беше на врвот на главните вести низ светот. Од првите часови по нападот што доведе до мачеништво на легендарниот ирански генерал Касем Сулејмани и неговите придружници, заедно со неговите ирачки домаќини во борбата против ИСИС, се случи нешто невидено во светската историја. Апсолутното мнозинство на народот на една земја, со разни вкусови кон животот и политиката, имаше единствена реакција. Само во градот Керман, местото на погребот на генерал Сулејмани, кој има помалку од еден милион жители, се собраа и се обединија над два милиони луѓе.
Ваквото присуство е споредено со присуството на народот на церемонијата на погребот на имамот Хомеини, првиот имам и лидер на Исламската револуција во Иран.
И во тоа време, по завршувањето на осумгодишната војна, иранскиот народ, и покрај различните видувања но кон иста насока, се обедини за издигнување на својата земја и зацврстувањето на нивните револуционерни идеали за да објават дека тие се оние што одредуваат и сакаат нивниот свет да го прошират исполнет со значење, а не само исполнет со благосостојба.

Бранот на споменатиот народ беше причина Иран, повикувајќи се на Повелбата на Обединетите нации, да изврши напади врз американски бази во Ирак, а истовремено почитувајќи го суверенитетот на Ирак навремено да ги извести властите во Багдад за нападите и потоа со висок глас да ја искаже својата гордост и со тоа да ги усреќи сите луѓе во другите држави низ светот во борбата против светскиот експанзионизам. Ајатолахот Хаменеи, врховниот водач на Иран, на 8 јануари 2020 година, на состанок со граѓаните во верскиот град Ком, кои пред 41 година ги организираа првите протести што доведоа до отстранување на монархијата во Иран, рече: „Сакаа да прикажат дека Исламската револуција е завршена работа и во Иран несомнено некои се обидуваат да се случи тоа, но мачеништвото на Хаџи Касем докажа дека револуцијата е сѐ уште жива“. По неговото излагање и по еднонеделно народно обединување во Иран, Ирак и регионот, американскиот претседател Доналд Трамп беше принуден да изјави: „Америка е подготвена за мир со тие што сакаат мир“. Тој додаде: „ИСИС беше природен непријател на Иран, со што Америка и Иран можат да соработуваат во заедничките приоритети“.

Неколку часа по излагањето на Трамп, претставникот на Иран во Обединетите нации преку нота му се обрати на генералниот секретар на ООН: „Вооружените сили на Иран, врз основа на неприкосновеното право за самоодбрана и според членот 51 од Повелбата на ООН, извршија умерен и соодветен напад врз една воздухопловна американска воена база од каде што беше извршен кукавичкиот напад врз маченикот Сулејмани“. Тој додаде дека Иран не сака зајакнување на тензиите или војна.

Личноста на иранскиот генерал Сулејмани не може да се дефинира само во рамките на воена дефиниција. Според сведоштвата на апсолутното мнозинство на неговите сограѓани и голем дел од народите на земјите од регионот, тој беше човек на морални и хумани вредности, кој со своето присуство во првите редови на војната не мислеше само на подигнување на моралот на војниците, туку настојуваше духовноста да биде главна цел за него и за другите, токму поради ова тој имаше голем број поддржувачи во својот регион и во светот. Овој ирански командант беше и соработник на иранската дипломатија. При неговото последно патување, тој пренесуваше порака за заемна комуникација со една арапска соседна земја на Ирак, Саудиска Арабија, која требаше да се пренесе преку ирачките власти.

Каква и да беше неговата порака, сега таа доби трансдипломатско значење: владите да мислат на своите народи и особено надвор од своите граници, ако се борат против меѓународниот тероризам да бидат во потрага по заедничка дефиниција за екстремниот национализам, за да не може жителите на еден регион според своите експанзионистички и колонијалистички интереси да ги нарекува терористи и од другите да побара да убиваат и да умираат во нивниот пат.

Сите луѓе имаат право и обврска за рамноправен живот, исто како и бранот на луѓе кои го испраќаа иранскиот командант во небеското патување, и поради густината на присутниот народ десетина од нив станаа маченици и заедно со него полетаа кон небото. Тој така живееше и отиде, што многу луѓе во разни земји во негова чест извикаа антимонополистички пароли поврзани со светски теми.

Изгледа дека трансдипломатијата на Сулејмани ќе потсетува и на неговиот надмилитаризам, на начин што моќта ѝ го отстапува местото на волјата на земјите за обединување на луѓето низ целиот свет. Со други зборови, глобализацијата да му го отстапи местото на прочовечкиот свет.


Замислете еден човек кој преку користење зборови од науката на меѓународните односи, наука што не претендира за морал и правда туку ја проучува моќта, да вели дека Трамп ги брани интересите на својата земја. Може да се одговори дека според споменатата наука тој е во право, и дури и преку чин позлобен од волјата за моќ и напад врз ирански културни центри, но со поглед кон историска Македонија треба да биде предупреден за грешката. Во далечното минато, кога проширувањето на териториите по која било причина имаше значење, Александар Македонски ја освои Персија, но кога се соочи со културното богатство на таа земја, тој стана бранител на културата, користејќи особености на иранската култура. Неговата порака за трампизмот изгледа дека може да биде: „Не е сѐ интерес, збогати ја својата култура поврзана со другите земји за да можеш за бидеш во иста насока со светот што произведува култура, ова најважно нешто создадено од Бога. Само со мислата за напад врз културата, се напаѓаш себеси и својот народ.“

Став на иранската амбасада во Скопје