Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша декларација за воена соработка со полскиот претседател Анджеј Дуда на состанокот во ОН и најави дека САД најверојатно ќе пренесат некои трупи во Полска од други делови на Европа.
Американскиот претседател додаде дека Полска ќе ги покрие трошоците за новите објекти и дека таа држава бара повеќе американски трупи.
Трамп рече дека САД се согласиле да ја вметнат Полска во програмата за укинување визи, чии детали ќе бидат изнесени наредните месеци.