Претседателот на САД Доналд Трамп се прогласи за „вистински заштитник на животната средина“, но, и покрај консензусот научниците, тој вели дека не може да каже дали човечката активност е причина за климатските промени.
-Сакам апсолутно чиста вода, сакам најчист воздух, каков што веќе имаме, тоа се подобри последната година- рече Трамп, без да посочи на кои податоци се повикува.
Посочи дека е вистински заштитник на животната средина иако многу луѓе се насмевнуваат кога го слушаат тоа, додаде претседателот, кој ја посети државата Џорџија, по ураганот Мајкл.
-Ќе имаме најчист воздух. Но, тоа не значи дека сите фирми треба да стават клуч под чергиче – вели Трамп. На прашањето за климатските промени, кои во минатото ги нарече „шега“, претседателот одговори: „Има нешто, независно дали се должи на човечка активност или не“.
Во јуни 2017 година, Трамп ги повелече САД од Парискиот договор за климатските промени.